Зидан: Пак ќе си заминам ако не направиме тим каков што сакам! 

Зидан Перез

Екипата на Реал Мадрид одигра една од најлошите сезони во последниот период, а Зинедин Зидан и раководството на клубот веќе ги започнаа плановите за следната. 

Францускиот стратег им ја доставил листата на желби на челните лица на „кралевите“, а на денешната прес-конференција во пресрет на мечот со Бетис рече дека пак ќе го напушти клубот доколку не направи тим каков што сака. 

„Кој ќе игра следната сезона? Тоа ќе го знаеме на првиот натпревар. Јас одлучувам кој ќе игра, кој нема да игра. Јас сум тренер и секогаш правам тоа што сакам, а ако не можам ќе си заминам. Навистина има многу шпекулации, но да почекаме - летото е долго“, рече Зидан. 

Реал Мадрид својот последен овосезонски натпревар го игра утре, пред својата публика против Бетис (12:00 часот).