Зидан остана без Рамос за клучниот дуел со Севиља

Рамос Серхио

Серхио Рамос не тренираше со групата на последниот тренинг на Реал Мадрид, пред дуелот со Севиља на домашен терен.

Мадриѓани се борат за одбрана на титулата и спас на сезоната. Победата е императив против тимот на Жулен Лопетеги, која со поразот во минатото коло си ги намали шансите за највисок пласман.

Капитенот на „кралевите“ нема да биде дел од ова дерби. Тоа е голем хендикеп за Зинедин Зидан, кој е на мета на критичарите поради елиминацијата од Челзи во Лигата на шампионите.

Валверде и Винисиус исто така не беа дел од последната тренинг сесија, меѓутоа тие ќе бидат во конкуренција за дуелот со Севиља.

Големо дерби се игра и на „Камп Ноу“, каде Барселона го пречекува лидерот Атлетико Мадрид. Од овој резултат ќе зависат многу работи во финишот на сезоната во Примера.