Зидан одбил шанса да стане најплатен на светот во Саудиска Арабија

Екипата на Ал Наср, по Кристијано Роналдо сака да направи нов „бум“ во светскиот фудбал. 

Според најавите, Саудијците упатиле понуда до Зинедин Зидан. Францускиот стручњак наводно добил понуда од 75 милиони евра годишно, односно 150 за двегодишен договор. Сепак, и покрај тоа што можеше да стане најплатен тренер во фудбалот, тој не ја прифати понудата од Саудијците. 

Зидан во својата тренерска кариера работеше само во Реал Мадрид, трипати го освои трофејот во Лигата на шампионите, а по двапати Примера, Суперкупот на Европа и Шпанија, како и Светското клупско првенство. Низ претходните години тој се поврзуваше со многу клубови, од ПСЖ, до Јувентус и Манчестер Јунајтед, како и репрезентацијата на Франција. Зидан сепак досега покажа дека не сака по секоја цена да преземе било каков проект.