Зидан: Нема да се штедиме, ќе играме на победа и на „Енфилд“

Зидан Зинедин

Реал Мадрид гостува во Ливерпул во обид да стигне до ново полуфинале во Лигата на шампионите. Шансите за пласман во следната фаза се големи, со оглед на високата предност од 3-1 по првиот меч во шпанската престолнина.

По победата над Барселона, Зинедин Зидан рече дека неговата екипа е исцрпена поради многуте обврски. Меѓутоа најави дека тоа нема да биде пречка да атакува на победа и на „Енфилд“.

„Зборував за густиот распоред, ова е една чудна сезона. Но, сите се соочуваат со сличен проблем. Ќе се бориме до крај во двете натпреварувања и ќе дадеме сè од себе. Тимот најмногу се покажува кога е најтешко, таков е карактерот на моите фудбалери. Би сакал да ги имав сите на располагање, но ќе мора да играме без нив. Најважно е што сме подготвени за надигрување. Нема да се штедиме, ќе излеземе да победиме и на реваншот“, вели Французинот.

Азар не допатува со „кралевите“, исто така и повредениот Васкез, а Валверде ќе биде со екипата, но не се знае колкава минутажа ќе добие.

Реваншот на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра в среда во 21:00 часот.