Зидан: Нема да ризикувам со Роналдо и Бензема без разлика на околностите

Зинедин Зидан

Колку и да е важен натпреварот со Реал Сосиедад, Зинедин Зидан најави дека ќе патува без услугите на Роналдо, Бензема и Крос. Французинот е свесен за важноста на Португалецот и Франузинот, па затоа реши да не ризикува со нив на натпреварот за викендот. Уште не се знае дали воопшто двата фудбалери ќе бидат подготвени за реваншот од полуфиналето во ЛШ, против Манчестер Сити.

„Загрижен сум за секоја повреда на моите играчи. Во никој случај нема да ризикуваме со Кристијано и Карим, бидејќи тие ни се од голема важност. Дали ќе бидат дел од составот против Манчестер Сити уште не знаеме. Но, нема да ризикувам без разлика на околностите“ , изјави Зидан. 

В среда, на „Сантијаго Бернабеу“, екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе започнат од нула, бидејќи на првиот натпревар во Англија мрежите мируваа.