Зидан му кажал „не“ на ПСЖ, има и добра причина за тоа

Францускиот тренер Зинедин Зидан одбил да премине во редовите на францускиот гигант Пари Сен Жермен, пишува шпански „АС“.

Поранешниот стратег на Реал Мадрид е без ангажман по разделбата со „кралевите“ и е атрактивен на пазарот. Последен клуб кој го контактирал бил ПСЖ, но добил „не“ за одговор. Зидан имал и добра причина за тоа.

Како што велат од „АС“, Французинот не сака да се нафаќа да работи со еден тим среде сезона. Раководството на ПСЖ го барало Зидан како замена за Маурицио Почетино, кој се поврзува со заминување во Манчестер Јунајтед.

Така, Аргентинецот ќе продолжи да ги води „светците“ до крајот на сезоната, а Манчестер Јунајтед ќе мора со привремен тренер, или да разгледува некое ново решение кое е достапно во моментов, ако не сака да го чека расплетот на ситуацијата околу Почетино и Зидан.