Зидан: Мојот тим не мора да прави чудо, пребродивме една лоша сезона

Зидан Зинедин

Реал Мадрид пристигна во Лондон, каде утре ќе игра против Челзи во обид да стигне до ново финале во Лигата на шампионите.

Зинедин Зидан имаше прес-конференција по првиот тренинг на „Стемфорд Бриџ“. Предводникот на шпанскиот претставник вели дека неговата екипа не мора да прави чудо за да продолжи понатаму.

„Воопшто не мислам дека бркаме чудо, напротив, ние сме тука за да ја завршиме нашата работа и веруваме во она што го работиме. Во фудбалот нема чуда...

Секако дека знаеме дека како тим немавме многу пријатна и мирна година, но ја пребродивме, поминавме низ многу повреди. Ние сме конкурентни во мај и играме во две натпреварувања за да ги освоиме. Она што се случи, се случи, сега сме тука, се работи за еден натпревар. Слушам дека многу зборуваат дали сме уморни или повредени, тоа е нормално, но тоа е дел од фудбалот. Ќе дадеме сè од себе“, рече францускиот тренер.

Добра вест за „кралевите“ е кам-бекот на Рамос, Менди и Валверде, кои ќе помогнат на второто соочување со „сините“ на Томас Тухел.