Зидан: Кога Модриќ, Крос и Бензема нема да ја изгубат топката еден час, тоа е фудбалот

Легендарниот француски играч за врска и денешен тренер Зинедин Зидан даде интервју за „Canal+ Africa“. За време на својата играчка кариера, Зидан играше за Кан, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид, а со последните два клуба освои 11 трофеи. Со француската репрезентација беше светски првак во 1998 година и европски првак во 2000 година, ФИФА три пати го прогласуваше за најдобар играч на светот, а во 1998 година ја доби и „Златната топка“.

Како главен тренер освои 11 титули со првиот тим на Реал и двапати беше прогласуван за најдобар тренер во светот. На прашањето кои играчи најмногу го импресионирале како тренер, тој одговори: 

„Кога ќе ги видите Лука Модриќ, Тони Крос и Карим Бензема како играат за вас и не губат ниту една топка цел час, тоа е фудбалот“.

Зидан го коментираше и Килијан Мбапе, чиј трансфер од ПСЖ во Реал се очекуваше долго време. Тимот од Мадрид, чиј тренер е Карло Анчелоти, ќе биде уште посилен по сезоната во која ја освоија Примера и Лигата на шампионите. 

„Мбапе ќе пишува историја со Реал, мислам дека ќе надмине се“, додаде Зидан.

Зидан веќе подолго време е без ангажман, откако во 2021 година ја заврши својата втора ера на чело на „кралскиот клуб“.