Зидан изненади, го испрати Винициус кај својот пријател Раул во Кастиља!

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид во минатата сезона, Винициус Жуниор, новата ќе ја започне како член на Кастиља, Б тимот на „кралевите“ кој се натпреварува во третото по ранг натпреварување на Шпанија, а од ова лето е предводен од легендарниот Раул Гонзалез Бланко. 

Оваа одлука на Зинедин Зидан ги изненади фановите на поранешниот европски шампион, затоа што 19-годишниот Бразилец беше можеби единствената светла точка во бледиот Реал во ланската сезона. 

Тој одигра 18 натпревари за „кралевите“, постигна два гола, но на почетокот на оваа година се здоби со незгодна повреда и го пропушти поголемиот дел од пролетната полусезона.

Покрај Винициумс, Зидан го прекомандувал и младиот јапонски репрезентативец Кубо, кој ќе биди префрлен во младинскиот тим.