Зидан искрен: Не е дека не сакавме да го победиме Бетис, туку не можевме! 

Сè уште актуелниот европски шампион Реал Мадрид, зад себе ја остави една од најлошите сезони во Примера, откако и на последниот натпревар не успеа да запише победа.

„Кралевите“ запишаа нова бламажа пред својата публика, откако со 0-2 загубија од тимот на Бетис, а по мечот Зинедин Зидан на оригинален начин го опиша новиот неуспех на своите избраници. 

„Не дека не сакавме да победиме, туку не можевме. Кажав и претходно, најдобра работа за нас е што заврши сезоната. Сега ќе се насочиме кон следната, во која дефинитивно ќе има многу промени. Нема да кажам дека уште идната сезона ќе освоиме сè, но ако се подготвиме како што треба, тогаш ќе бидеме конкуренти во сите натпреварувања“, рече Зидан. 

Реал Мадрид, сезоната во Примера ја заврши на третата позиција, додека во Лигата на шампионите беше сензационално елиминиран во осминафиналето од тимот на Ајакс.