Зидан: Имаме многу играчи кои можат да ни донесат голем профит

Зинедин Зидан изјава

Неминовни се промените во Реал Мадрид во текот на летото, па затоа секоја недела се појавува нова шпекулација која го поврзува некој фудбалер со шпанскиот гигант.

Но, за да се направи место ќе мора да се продадат неколку играчи, а Зинедин Зидан смета дека има опции од кои може да се обезбеди голема заработка во пресрет на следната сезона.

„Во нашиот тим има играчи од кои клубот би можел дебело да заработи. Сега се зборува за Крос и Бејл, а утре тоа ќе биде некој друг. Многу екипи ги сакаат нашите фудбалери и тоа не е ништо ново. Кој ќе остане ќе се знае на крајот од сезоната. Ќе видиме што ќе биде“ , вели францускиот тренер.

„Кралскиот“ клуб се раздели од Кристијано Роналдо и за тоа плати со неуспешната сезона.

Претседателот Флорентино Перез размислува за нови „галактикоси“, со кои ќе се врати довербата на навивачите.