Зидан: И да имав право на четири замени, Бејл ќе останеше на клупа

Зинедин Зидан уште еднаш потврди дека во иднина нема да смета на велшката ѕвезда Герет Бејл, откако и денес на последниот овосезонски натпревар на Реал Мадрид го остави на клупата за резерви. 

>>> ПОВРЗАНО - Бејл: Реал ќе мора да ми исплати 51 милион, или ќе седам и ќе играм голф...

„Кралевите“ загубија од Бетис со 0-2, а по мечот Зидан беше запрашан зошто не го внесе Бејл да помогне, а неговиот одговор беше краток и јасен.

„Бејл направи многу за Реал Мадрид, но мора да живее во сегашноста. И да имав право на четврта замена, немаше да го внесам во игра. Јас ги носам последните одлуки, и работам во интерес на тимот. Ако сметам дека некој не се вклопува во тимот, морам тоа да го направам на најдобар можен начин“, рече Зидан. 

Реал Мадрид сезоната во Примера ја заврши на третата позиција, веднаш за шампионот Барселона и Атлетико Мадрид.