Зидан: Горд сум на момците, но во Ливерпул нема да биде лесно

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е горд на своите фудбалери, по триумфот над Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите (3-1), но исто така е свесен дека сè уште не е ништо готово.

„Кралскиот“ клуб синоќа одигра одличен натпревар во Мадрид и се избори за сосема солидна предност пред реваншот за Англија.

„Едноставно, чувството е одлично. Одигравме одлична партија, иако имавме некои потешкотии на почетокот на второто полувреме. Но, кога ќе се земе сè, горд сум на играчите. Не е лесно да се победи на овој начин во Лигата на шампионите. Сепак, треба да се биде претпазлив пред реваншот, затоа што нема да биде лесен натпревар“, рече Зидан.

Реванш средбата која ќе го даде патникот во полуфиналето во Лигата на шампионите се игра следната среда на „Енфилд“.