Зидан го стави синот на голот на Реал, па се правдаше: „Морав да направам така!“

Зинедин Зидан се врати да го води Реал Мадрид, а шанса на натпреварот против аутсајдерот Хуеска доби неговиот син Лука Зидан.

Голманот, кој има 20 години, бранеше од првата минута и го одигра првиот натпревар оваа сезона. Прими два гола, но благодарение на Бензема нема по лошо да го памети деби-мечот во актуелната календарска сезона.

По дуелот, новинарите го прашаа Зидан зошто го одбрал својот син наместо Куртоа или Навас, а тој се правдаше.

„Лука е наш трет голман. Тибо Куртоа се жалеше на повреда, а Кејлор Навас тукушто се врати од репрезентацијата. Му дадов одмор. Така, шанса доби вториот голман во случајов, Лука Зидан“, изјави Зизу.

Младиот француски голман настапува за Реал Мадрид уште од најмладите категории, а во првиот тим влезе во 2018 година.