Зидан го пронајде „новиот Варан“ во Монако

Еден од неколкуте таленти на Зинедин Зидан е препознавањето млад фудбалер со светла иднина. Таков пронајде во Монако, кого го гледа како „новиот Рафаел Варан“.

Се работи за 19-годишниот Бенуа Бедиашил кој важи за корпулентен дефанзивец висок 192-сантиметри. Со 17 години го имаше дебито во сениорската екипа на францускиот прволигаш и важи за еден од најперспективните млади таленти на денешницата.

Токму Зидан беше човекот кој пред една деценија го препорача Варан на Флорентино Перез. И не погреши, со оглед на успесите и добрите игри кои Французинот ги прикажа во изминатите години.

Тековниот договор на Бадиашил со Монако има должина до 2024 година. Откупната клаузула во истиот му изнесува 40 милиони евра, што не би требало да претставува проблем за „кралевите“. Моментално Реал штеди, со оглед на пандемијата, но тоа се очекува да донесе голема потрошувачка наредното лето.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.