Зидан го повлече првиот потег: Крос ја продолжи соработката со Реал Мадрид

Сега веќе е јасно кој ќе биде првиот организатор на Зинедин Задан во редовите на Реал Мадрид. Германскиот репрезентативец Тони Крос и официјално ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.

И покрај тоа што Крос се стопи во овосезонското сивило на Реал Мадрид и одигра далеку под своето ниво, тоа не ги промени високите мислења на Зидан за него, па затоа му беше понуден нов договор кој ќе има важност до 30 јуни 2023 година. 

29-годишниот играч за врска во Мадрид пристина пристигна пред пет години од редовите на Баерн Минхен и тоа за трансфер кој чинеше само 25 милиони евра. 

Засега нема официјална потврда колкава ќе биде заработката на Крос од новиот договор, но во Шпанија се шпекулира дека истата ќе изнесува 20 милиони годишно. Тоа значи дека доколку си замине Герет Бејл, Германецот ќе биде најплатениот фудбалер на Реал.