Зидан ги доби најлошите вести пред дуелот со Аталанта

Бензема

Реал Мадрид со многу проблеми ќе го дочека првиот натпревар со Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Мадриѓани на овој меч ќе бидат без многу повредени играчи. Последен на листата е првиот голгетер во тековната сезона Карим Бензема. Французинот доби лоши вести од докторите и нема да биде подготвен да ѝ помогне на екипата.

Зинедин Зидан ќе мора да прави импровизација за да го состави нападот. Винициус јуниор и Маријано Диаз ќе му бидат први опции за дуелот со тимот од Бергамо. Нема да играат уште Азар и Валверде, а во одбраната ќе недостигаат уште неколку првотимци. 

Аталанта ќе има можност да го изненади фаворитот на првиот меч оваа среда на кој ќе биде домаќин.