• Зоран Мишевски
Бразилецот кој го носеше дресот на Вардар во прекинатата сезона, Леовигалдо Жуниор Реис Родригес од денес е нов член на украинскиот клуб Зорја Луганск. Жуниор уште пред еден месец се прости од вардаровите навивачи и соиграчите и не чекаше предолго да го официјализира својот нов клуб.
Жуниор веќе потпишал тригодишен договор со Зорја Луганск и ќе го замени Богдан Михаилченко. Поранешниот фудбалер на Македонија ЃП рапидно напредуваше и овој трансфер не претставува изненадување. 24-годишниот лев бек во сезоната која беше прекината одигра 21 натпревар, постигна шест гола и запиша пет асистенции.
Жуниор поради финансиската криза во Вардар не ни размислуваше за останување во македонскиот фудбал. Зорја Луганск заврши како третопласирана во украинскиот шампионат и беше големо изненадување, бидејќи само Шахтјор и Динамо Киев имаа подобар учинок.
Жуниор се очекува да биде претставен откако ќе ги мине лекарските прегледи со Зарја.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.