Жуниор му се стави на располагање на Вардар

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар е посилен за едно име, затоа што на располагање го доби  Леовигилдо Жуниор Реис Родригес, бекот кој настапуваше за Македонија Ѓорче Петров.

Бразилскиот интернационалец импресионира со настапите во дресот на „лавовите“ на левата бековска позиција. Беше еден од најдобрите фудбалери, кој одлично се снаоѓаше и со офанзивните и со дефанзивните задачи. Тоа му даде знак на Вардар да го ангажира и да го донесе во своите редови.

Фудбалерот пристигна од одморот во Бразил и веднаш му се стави на располагање на тимот. Тој ќе биде на тренинзите на Васоски од утре наутро и ќе работи во полна пареа со тимот. Се очекува Вардар официјално да го промовира фудбалерот во наредните денови.

Жуниор нема да е последното засилување за Вардар во овој преоден рок затоа што аткивно се бараат уште неколку нови имиња кои ќе го зголемат квалитетот на тимот кој сака да ја детронизира Шкендија.