Украинската Зорја го официјализира трансферот на Жуниор

Во периодот кога капитенот Филип Гачевски го потврди своето заминување од редовите на Вардар, македонскиот фудбалски шампион за следната сезона остана и без бразилскиот интернационалец, Жуниор. 

Еден од најдобрите поединци во шампионската сезона на „црвено-црните“ долго време ја чекаше разврската околу иднината на клубот, а откако работите не се движат по посакуваната насока, се реши за нов предизвик во својата кариера.

Искусниот Бразилец во иднина ќе се натпреварува во украинската прва лига, бранејќи ги боите на тимот на Зорја, клуб кој сезоната ја заврши на третото место веднаш зад гигантите Шахтјор и Динамо Киев.

Многу веројатно по Жуниор и Гачевски и останатите првотимци на Вардар ќе се решат за заминување од Скопје, а засега клубот преговара само со искусниот Блажевски, кој најверојатно ќе се врати во „црвено-црните“ редови. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.