• Мартин Танасковски
Во Реал Мадрид очигледно не планираат само промени на тренерската позиција. По официјалното враќање на Жозе Мурињо на клупата на „кралевите“, клубот веќе работи на формирање на тим кој ќе може веднаш да се бори за сите трофеи.
Според информациите од Шпанија, дел од амбициозниот проект на Флорентино Перез се и неколку звучни имиња од европскиот фудбал. Меѓу играчите кои се поврзуваат со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ се десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, дефанзивецот на Ливерпул Ибрахима Конате и португалскиот репрезентативец Бернардо Силва.
Дамфрис би требало да донесе дополнителна конкуренција и квалитет по десната страна, Конате се гледа како лидер на иднината во одбраната, додека Бернардо Силва е фудбалер кој со својата креативност и искуство може веднаш да направи разлика во средниот ред. Експертот за трансфери, Фабрицио Романо, објави дека е пукната првата „бомба“, тоа е Бернардо Силва. Потпишал двегодишен договор, со можност за уште една година.
Но, според најавите, ова можеби е само почеток. Шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез и Жозе Мурињо веќе работат на нови трансфер-цели и дека летниот преоден рок за Реал Мадрид допрва ќе биде исклучително возбудлив.
По разочарувачката сезона и големите промени во клубот, раководството е решено повторно да изгради тим способен да доминира во Шпанија и Европа.
