Жорж Жесус од Фламенго сепак не е заразен со коронавирус!

Жорге

Екипата на Фламенго пред неколку дена ја информираше јавноста дека првиот тренер Жорж Жесус е заразен со коронавирус.

Првите резултати кои португалскиот стратег ги направил биле позитивни, па тоа беше причина за оваа објава на бразилскиот клуб. Но, неколку дена подоцна, тој направил уште еден тест, а резултатите од истиот биле негативни, што со големо задоволство беше споделено на социјалните мрежи.

Ваквата ситуација ги смири навивачите, кои имаат голема почит во Жесус и го сметаат за идол, бидејќи за краток период им овозможи да се радуваат на неколку титули.