ВИДЕО: Жоргињо и Вилијан го израдуваа Челзи, Тотенхем го слави Кејн

Екипата на Челзи имаше тотална доминација во дуелот со Брајтон во Премиер лигата и во рамките на седмото коло им се врати на победите, совладувајќи го противникот со 2-0 (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

„Галебите“ се држеа добро во дефанзивата во првиот дел, но во вториот дел не го издржаа притисокот од „сините“. Брајтон немаше ниеден шут во рамки на голот на Челзи, цело време беше ориентиран на одбраната, но не додржа 90 минути на „Стемфорд Бриџ“.

Јунаци на тимот на Френк Лампард на овој натпревар се Жоргињо и Вилијан. Првиот погоди од пенал во 50. минута кој претходно го направи Вебстер, додека Вилијан стрелаше во 76. минута, по една пеколна контра која ја предводеше Хадсон-Одои.

  • Извештај од натпреварот:

На победите им се врати и Тотенхем, кој на домашен терен со 2-1 (2-1) беше подобар од Саутемптон. Резултатот го отвори Ндомбеле во 24. минута, а откако Орие доби црвен картон, за Саутемптон погоди Ингс и изедначи. Херој на „патлите“ е Хари Кејн, кој реализира во 43. минута по асистенција на Ериксен, за конечни 2-1.

На останатите натпревари, Астон Вила и Барнли, односно Борнмут и Вест Хем ги поделија бодовите откако и на двата меча резултатот беше 2-2, Вулверхемптон на домашен терен беше подобар од Вотфорд (2-0), додека Кристал Палас се избори за три бода против Норич (2-0).