Жорди Алба се повреди, нема крај за проблемите на Барса

Жорди Алба

Кризата на Барселона продолжи во Лигата на шампионите, каде тимот на Ернесто Валверде ремизираше против Славија Прага на домашен терен.

По поразот од Леванте, ова е уште еден разочарувачки резултат за Каталонците, кои немаат одговор за лошата форма во последните неколку недели.

Како проблем плус, мечот со тимот од Чешка донесе и нова повреда. Се работи за левата нога на Жорди Алба, која го натера бекот да пропушти три недели на стартот од новата сезона.

Шпанецот нема да биде дел од тимот за дуелот со Селта, а сигурно ќе ја пропушти репрезентативната пауза.

Левиот бек ја напушти играта на крајот од првиот дел, а докторите потврдија дека неговата претходна повреда е обновена.