• Горан Упале
Шпанскиот фудбалер Жорди Алба го продолжи договорот со Интер Мајами, објави денес американскиот клуб. Шпанскиот лев бек потпиша нов договор со челниците на клубот кој ќе важи до јуни 2027 година.
36-годишниот Алба пристигна во Интер од Барселона во летото 2023 година и е редовен стартер во тимот од Мајами. Одигра 67 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола. Инаку, Жорди Алба помина три години како играч на Валенсија, потоа во 2012 година се пресели во Каталонија, каде што помина полни единаесет години.
За време на престојот во Каталонија, освои шест титули во Примера, четири Суперкупа на Шпанија, крена пет трофеи во Купот на Кралот и се искачи на врвот на Европа во сезоната 2014/15, кога неговиот тим славеше во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА.