ВИДЕО: Жоао Марио даде хет-трик за полувреме против екс-клубот и бурно прослави!

Фудбалерите на Бенфика перфектно го отворија натпреварот против Интер во петтото коло на Лигата на шампионите. 

Човек на првото полувреме беше Жоао Марио, кој од петтата до 34. минута даде хет-трик против својот поранешен клуб. Искусниот португалски офанзивец во петтата и 13. минута добро се снајде и го матира резервниот голман на „нераѕурите“ Емил Аудеро. Потоа пред полувремето тој уште еднаш се запиша меѓу стрелците.

  • Головите на Жоао Марио против Интер:

Иако играше против својот екс-клуб, Жоао Марио бурно ги прослави погодоците и ја крена публиката на нозе. Вреди да се напомене и дека Интер кој веќе е осминафиналист, на „Да Луж“ истрча во комбиниран состав.

Инаку, Марио своевремено беше скапо засилување за Интер, во 2016 година за 45 милиони евра пристигна од Спортинг. Сепак, во Милано не го докажа целосниот потенцијал и беше прогласен за големо промашување. Така, преку позајмици во Вест Хем, Локомотива Москва и Спортинг, во летото 2021 по истекот на договорот со Интер прејде во Бенфика, а оттогаш навистина блеска. 

Состави

Роџер Шмит

4-4-2

    Симоне Инзаги

    3-5-2