• Саше Љолес

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс би можел повторно да го облече дресот на Барселона, откако наводно донел одлука по истекот на договорот со Ал-Наср да се врати во Каталонија.
Според информациите на каталонски медиуми, 26-годишниот напаѓач нема намера да го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија, кој му истекува на крајот од сезоната. Феликс е подготвен и на значително помала плата од актуелната, која изнесува околу 17,5 милиони евра годишно, со цел да обезбеди траен ангажман на „Камп Ноу“.
Португалецот веќе има искуство во Барселона, каде што настапуваше како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид во сезоната 2023/24. Тогаш одигра 44 натпревари во сите конкуренции и постигна 10 голови.
По заминувањето од Барселона, Феликс ги бранеше и боите на Челзи и Милан, пред минатото лето да направи трансфер во Ал-Наср за 35 милиони евра. Во Саудиска Арабија успеа значително да ја подобри својата форма, постигнувајќи 26 гола на 47 натпревари во првата сезона.
И актуелната сезона ја започна ефикасно, со четири гола на осум натпревари, што дополнително ја зголемува желбата на Феликс повторно да се врати во европскиот фудбал и конкретно во Барселона.



