Жоао Феликс: Сон е да се игра со Кристијано во репрезентацијата

Португалија постигна три гола во второто полувреме и запиша победа против Гана со 3-2 во вториот натпревар од првото коло во групата Х на Светското првенство. Жоао Феликс, напаѓачот на португалската репрезентација рече дека тимот мора да работи напорно, бидејќи сите селекции на Светското првенство се силни. и поседуваат квалитет.

„Мора да работиме напорно и да дадеме се од себе за да се задоволиме себе си и навивачите Сон е да се игра со Кристијано. Од мал го гледам како игра, а сега сме соиграчи во националниот тим„, заврши Жоао Феликс.

Португалија најголемиот успех на Светските првенства во поновата историја го оствари во 2006 година во Германија, кога играше во полуфиналето и го освои четврттото место. На последниот Мундијал Роналдо и другарите беа елиминирани во осминафиналето од Уругвај.

Состави

Фернандо Сантос

4-1-4-1

    Ото Адо

    5-4-1