ВИДЕО: Жоао Феликс само во стативата, реално реми на Виљареал и Атлетико Мадрид

Во еден од ретките допадливи натпревари во кои мрежите мируваат, Виљареал и Атлетико Мадрид го отворија 15. коло на Примера со поделба на пленот (0-0). Домаќините без Касорла, гостите без Диего Коста пред преполниот „Естадио де ла Серамика“ одиграа дуел преполн со шанси и вистинска штета е што љубителите на фудбалот не видоа голови. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Жолтата подморница“ ја имаше топката повеќе во своите нозе, но позрелите шанси во првиот дел ги креираше Жоао Феликс. Најнапред, неговиот удар по земја од голема далечина заврши во стативата, а потоа при лобот сам пред Асенхо, го префрли и празниот гол.

Вториот дел беше уште поизрамнет, со неколку мешаници пред Облак, но без ниту еден постигнат гол. Жерард Морено ја имаше најзрелата шанса на домаќините, но биеше преку голот.

Пред очите на селекторот Луис Енрике надигрувањето не донесе исчекор на двете екипи на табелата, па Атлетико може уште повеќе да заостане зад водечките Барселона, Реал Мадрид и Севиља.