ВИДЕО: Жоао Феликс не се исплаши од авторитетот на Меси и му подари сочни пцовки

Два релативно мирни карактери, како Лео Меси и Жоао Феликс влегоа во меѓусебен вербален конфликт во последните мигови од првиот дел на натпреварот Барселона - Атлетико Мадрид од Суперкупот на Шпанија.

Имено, по еден конфилкт меѓу Жорди Алба и Жоао Феликс, капитенот на Барса дојде да смирува, а испадна уште поголем натпревар со пцовки со младиот Португалец, кој воопшто не се исплаши од авторитетот на Меси.

  • Кавгата на Лео Меси и Жоао Феликс: 

„Јорганџиите“ славеа во луд натпревар со 2-3 и ќе играат за Суперкуп титулата против Реал Мадрид.