Жоао Феликс: Ме сакаше и Интер, ама веќе одлучив да одам во Милан!

Жоао Феликс на крајот на јануарскиот преоден рок се пресели во Милан како позајмен фудбалер од Челзи. Иако во неговиот договор нема опција за откуп, постои оптимизам дека налето може да дојде до целосен трансфер.

Откако прво на оваа тема зборуваше еден од директорите на Милан, Џефри Монкада, сега за истата тема се огласи и Жоао Феликс. Тој откри дека е среќен во Милано, а исто така и дека имало опција од Интер да го „украде“ во финишот на преодниот рок.

„Дојдов во Милан на шестмесечна позајмица, ама ако има шанса би сакал да остана повеќе од оваа сезона. Ми се допаѓа тука. Ова е врвен европски клуб, веќе се заљубив со сè тука. Секако дека треба да видиме што ќе се случува. Засега сум смирен, добро се чувствувам.

Интер исто така сакаше да ме доведе во јануари, ама тоа не беше можно - веќе одлучив да дојдам во Милан“, откри Феликс.

Португалскиот фудбалер веќе го постигна и деби-голот во дресот на Милан во куп победата над Рома.