• Иван Димовски
Фудбалерите на Борац Бања Лука го живеат сонот и се во игра за четвртфинале во Конференциската лига на УЕФА. На првиот осминафинален меч на свој терен против Рапид Виена одиграа 1-1.
Предводник на тимот е Младен Жижовиќ, екс-тренерот на Шкупи, кој го прокоментира резултатот. Тој нагласи дека ништо не е случајно во пласманот на Борац.
„Можеме апсолутно да бидеме задоволни со начинот на кој го одигравме мечот. Рапид во вториот дел презеде иницијатива, но Борац заслужи да има и среќа. Не знам по кој пат се враќаме во меч. Тоа повеќе не е случајност, тоа го покажува карактерот на екипата“, истакна Жижовиќ.
Реванш дуелот во Виена се игра следниот четврток.