• Мартин Танасковски

Екипата на Шкупи во малото скопско дерби славеше над Македонија ЃП (3-1) и така се врати во игра за титулата на домашната сцена. По дуелот, тренерот Младен Жижовиќ даде коментар и беше задоволен од резултатот.
„Требаше да го затвориме натпреварот уште во првото полувреме, бидејќи пропуштивме многу шанси да постигнеме голови. Потоа имавме водство од 1-0, постигнавме и втор гол, но бевме малку нервозни при погодокот на противникот. Сепак мислам дека ова беше заслужена победа и сега се фокусираме на следните натпревари кои не очекуваат“, рече Жижовиќ.
Следниот натпревар Шкупи го игра во среда, кога во реваншот од полуфиналето на Купот на Македонија се соочува со Тиквеш. Првиот натпревар одигран во Чаир заврши нерешено 0-0.