ВИДЕО: Жиру „експлодира“ со ТРИ гола, Челзи го декласира Динамо среде Киев 

Можеби не игра како што се очекуваше во Премиер лигата, но англиски Челзи доминира со Лигата на Европа. Шампионот на Англија од пред две сезони, вечерва одигра уште еден перфектен натпревар во второто по ранг натпреварување на УЕФА и со убедливи (0-3) го „тресна“ Динамо и тоа среде Киев. 

Извештај од натпреварот Динамо Киев – Челзи:

Во отсуство на првите ѕвезди, Азар, Педро, Баркли, на „Олимпискиот Стадион“ свој незаборавен меч имаше светскиот шампион од Русија, Оливие Жиру, кој беше незадржлив за домашната одбрана и го запиша првиот хет-трик како член на Челзи. 

Францускиот голгетер оваа сезона игра далеку под своите очекувања, но вечерва покажа дека сè уште на него може да се смета и уште во 5. минута на асистенција на Лофтус-Чик го отвори резултатот и донесе водство за „сините“ од 0-1. Брзиот примен гол дополнително ги шокира Украинците, кои на терен делуваа немоќно, па Челзи во финишот од првиот дел со нови два брзи гола го решија прашањето на победникот на мечот. 

На 2-0 зголеми Жиру со својот втор вечерашен гол, додека Марк Алонсо донесе комотни 3-0. Само што започна вториот дел следуваше нов шок за Украинците и комлетирање на хет-трикот на Жиру, додека конечните 0-5 ги постави младиот Хоџсон Одои во 78. минута. 

Со оваа убедлива партија на Челзи, Премиер лигата до доби својот прв четвртфиналист во Лига Европа, а вечерва своја шанса за успех има Арсенал, кој пред своите гледачи мора да го анулира поразот од 3-1 од првиот меч со француски Рен