ВИДЕО: Жиру асистира со пета, Пулишиќ го отвори финалето на „Вембли“

Жиру

Челзи го зададе првиот удар во големото финале на ФА Купот кое се игра на „Вембли“.

Кристијан Пулишиќ продолжи да покажува фантастична форма и ги израдува „сините“ на Френк Лампард. По одличната асистенција со пета на Оливие Жиру, американскиот интернационалец со многу чувство го совлада Мартинез.

Арсенал ќе има голем предизвик пред себе да направи пресврт, ако сака да се радува на трофејот во најстарото англиско натпреварување.