Жирков не помислува на пензија, потпиша за нов клуб на 38-годишна возраст!

Ветеранот Јури Жирков нема намера да ја заврши професионалната кариера и пронајде нов клуб и на 38 години. Поранешниот репрезентативец на Русија потпиша договор со Химки до крајот на сезоната со опција соработката да биде продолжена на уште една.

Жирков собра 105 натпревари за руската репрезентација. Спартак Тамбов е негов матичен клуб, а блесна во дресот на ЦСКА Москва. Направи голем трансфер во Челзи, а во 2011 година се врати во Русија и настапуваше за Анжи, Динамо Москва и Зенит.

Жирков ја освои Премиер лигата и ФА Купот со Челзи во 2010 година. Со ЦСКА двапати славеше во руската Премиер лига, а го освои и Купот на УЕФА во 2005 година. Со Зенит трипати беше шампион на Русија, а двапати го освојуваше рускиот Куп.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк