Жикица Тасевски е асистентот на Вулиќ во Ксанти

Македонскиот тренер Жикица Тасевски има нов анажман, прв по разделбата со Македонија Ѓорче Петров и ќе работи во Грција.

43-годишниот стратег се враќа во улогата на асистент. Тасевски ќе биде дел од тимот на Ксанти во чии редови настапува Бесарт Ибраими. Таму ќе соработува со хрватскиот стратег Зоран Вулиќ.

Тасевски покрај во Македонија ЃП на домашната сцена работеше и во Работнички, Силекс, Металург и Вардар, исто така беше дел и од кинески Хунан Билоус и бугарски Локомотив Пловдив.

Ксанти игра во втората лига на Грција и во моментов се наоѓа на четвртата позиција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк