ЖФК Менада се засили меѓу стативите, Марија Ничоска е новото име меѓу стативите

ЖФК Менада продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а првото засилување е на голманската позиција. Нов член на клубот е поранешната младинска репрезентативка на Македонија, Марија Ничоска.

Македонската голманка зад себе има настапи за ЖФК Љуботен, ЖФК АС Јунајтед, како и за повеќе екипи од Првата македонска женска лига, а во Менада веруваат дека нејзиното искуство и квалитет ќе бидат од големо значење во остварувањето на клупските амбиции.

Од клубот ѝ посакаа топло добредојде на Ничоска, со желба да забележи што повеќе успешни настапи и „чисти мрежи“ во дресот на Менада во претстојната сезона.