ВИДЕО: ЖФК Љуботен со двоцифрена разлика загуби од Валур во ЛШ

Женскиот македонски фудбалски шампион, Љуботен, забележа убедлив пораз во квалификациите за новата сезона во Лигата на шампионите. Нашиот претставник во европската елита не успеа да го мине првото коло, откако доживеа дебакл против Валур. Исландскиот шампион извојува победа од 10-0 (5-0).

Шампионот на Исланд беше фаворит на оваа средба, но никој не очекуваше ваква претстава на македонскиот тим и пораз со двоцифрена разлика. Валур уште во петтата минута имаше водство од 2-0, а од крајот на првото полувреме постигна уште три гола за веќе убедливи 5-0. 

Фудбалерките на Љуботен беа немоќни и во вторите 45 минути. Фаворитот продолжи во ист ритам и немилосрдно го полнеше голот на Еспиноса. На крај Валур постигна десет гола (9-0), а македонскиот шампион не успеа да упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол.