• Сашо Поповски

Екипата на ЖФК Љуботен го претстави најновото засилување во пресрет на пролетниот дел од тековната сезона.
Нов член на македонскиот клуб е босанската фудбалерка Сенада Муратовиќ. Се работи за репрезентативка на БиХ, која доаѓа од редовите на Модриќ.
Босанката имаше можност да заигра во Торино, но трансферот ѝ пропадна поради повреда.
Сенада има 21 година и во слободно време работи како фото-модел на познати босански брендови. Во фудбалот се заљуби поради Икер Касиљас, кого го засака од мали нозе.