ЖФК Љуботен испиша историја и ќе игра квалификациско финале за пласман во ЛШ!

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, ЖФК Љуботен, се пласираше во финалниот плеј-оф за пласман во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето го совлада тимот на Рунавик со конечни 4-1 (3-1). 

Нашиот тим беше апсолутно подобар ривал и својата сила ја покажа уште во првите 45 минути, кога водеше со убедливи 3-1 по головите на Марковска, Мустафа и Максути, а во вториот дел само го потврди триумфот со погодокот на Нигеријката Мариан Охадиве. 

За ЖФК Љуботен ова е историски успех, затоа што стана прв македонски тим кој ќе игра во последното квалификациско коло, откако на сила е новиот формат од 2021 година. 

Последната пречка за Љуботен ќе биде екипата на ерменскиот Пјуник, која претходно го елиминираше тимот на НСА Софија со минимални 0-1. Македонскиот шампион е воедно домаќин на овој квалификациски турнир за елитниот ранг на УЕФА.