ЖФК Љуботен доведе четврта Бразилка во своите редови

На големо изненадување на македонската фудбалска јавност, во последните неколку години повеќе Бразилки од Бразилци доаѓаат во македонскиот шампионат. Актуелниот првак ЖФК Љуботен од Тетово се пофали со уште една фудбалерка од Бразил.

Јулијана Леонел Маргуне им приклучи на трите нејзини сонароднички во тетовскиот шампионски клуб.

„По Мајса Делгадо Бенедито, Присцила Едите Силва, Тчури Харуми Гоја, нов член на ЖФК Љуботен е Јулијана Леонел Маргуне која настапува во средниот ред и ќе претставува огромно засилување за тимот. Популарната Јују, покрај во бразилскиот шампионат, има и интернационално искуство настапувајќи во Латвија и амбициозниот камерунски Единг Спорт, од каде што пристигнува во таборот на македонскиот шампион.

Со својата борбеност и пожртвуваност, новото засилување на љуботенки полека гради и костур со кој покрај шампионската титула, има за цел да не игра само епизодна улога во квалификациите за Лигата на шампионите“, се вели во сопштението на ЖФК Љуботен.

Јулијана Леонел Маргуне потпиша договор на шест месеци со можност за продолжување на соработката на уште една година.