• Иван Димовски
Женскиот фудбалски клуб Љуботен ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите.
На денешното извлекување во Нион македонскиот шампион доби ривал по мерка, бидејќи во полуфиналето ќе игра против НСИ Рунавик од Фарски Острови. Во втората полуфинална двојка беа извлечени НСА Софија и Пјуник.
Во договор со останатите три тима, Љуботен презеде одговорност за одново да биде домаќин на квалификацискиот турнир.
Тетовчани сепак, своите натпревари ќе ги играат во Скопје. Се очекува терминот да биде од 30 јули до 2 август (според првичните распореди на УЕФА), а домаќин ќе биде тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.
