Жезус: Промашување како на Сеферовиќ не сум видел никогаш...

Харис Сеферовиќ испушти неверојатна шанса да ѝ пресуди на Барселона во директната пресметка за второто место во групата во Лигата на шампионите. Швајцарецот во 93. минута имаше зицер, го издрибла и голманот Тер Штеген, ама промаши празен гол и стана трагичар.

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Луда утка во 93. минута ја остави Барселона „жива“ во ЛШ!

По натпреварот, тренерот на Бенфика го прокоментира промашувањето. Според Жорге Жезус, ова е нешто што не го видел во своите 30 години кариера. 

„Барселона беше добра, имаше неколку шанси. На крајот, немаше ниту голман меѓу стативите за нашата финална можност. Јас сум тренер веќе 30 години, но никогаш не сум видел такво нешто. За жал, тоа ми се случи сега првпат во Бенфика“, изјави Жезус. 

Во пресрет на последното коло, иако Бенфика има два бода помалку од Барселона е во подобра позиција. Португалците дома ќе играат со Динамо Киев, додека Барса ќе гостува на „Алијанц Арена“ кај Баерн Минхен.