Жесус лут на несовесните новинари: Сите до еден да се заразите со коронавирус (ВИДЕО)

Еден од најхаризматичните португалски фудбалски стратези, Жорж Жесус, ја доби битката со коронавирусот и по долг период минат во карантин, веќе е на „слобода“.

Тренерот на Фламенго на 9 март беше позитивен на вирусот ковид-19 и мораше да мине одреден период во изолација, а откако ги надмина проблемите со вирусот доби дозвола да се врати во татковината. 

Но, таму не беше срдечно пречекан, откако група новинари без никаква заштита го „нападнаа“, по слетувањето во Лисабон. 

„Зошто ништо не почитувате? Оставете ме. Каде ви се маските? Треба и вие сите да се заразите со коронавирус“, им порача искусниот тренер. 

65-годишниот стратег долг период од својата кариера ја мина тренирајќи екипи од Португалија, а сега со големи успеси го води Фламенго, клуб со кој ги собира трофеите во јужноамериканскиот фудбал.