Жестока трка за топ голгетер во ВМФЛ: Ангелов, Глигоров, Симевски...

Втората македонска фудбалска лига е комплетирана, а на половина од шампионатот, четири играчи кај најдобри стрелци во лигата се „двоцифрени“ и трката за топ-стрелец во ВМФЛ ќе биде голема.

  • Најдобри стрелци на полусезоната во ВМФЛ:

1. Виктор Ангелов (Скопје) - 12 гола
2. Иван Глигоров (ГФК Охрид) - 12 гола
3. Андреј Симевски (Саса) - 11 гола
4. Бојан Спиркоски (Беласица) - 10 гола

Есенски шампион во ВМФЛ е ГФК Охрид, а директен пласман во ПМФЛ обезбедува само освојувачот на првата позиција. Второпласираниот и третопласираноиот ќе играат бараж со освојувачите на осмото и деветтото место во елитното фудбалско друштво.