Жестока казна за момчето кое истрча на терен за да направи „селфи“ со Депај

Депај

Младо 13-годишно момче се појави на теренот за време на дуелот меѓу Холандија и Црна Гора за да направи „селфи“ со Мемфис Депај.

Овој потег го направи светска ѕвезда, но и му донесе висока казна. Неговите родители ќе мора да платат 100 евра, а тој нема да има можност да доаѓа на стадион во следните пет години. Ако се работи за прв ваков прекршок, казната ќе се намали на 15 месеци, со 45 месеци условна казна.

Казнети беа уште 15 лица кои исто така истрчаа на терен. Тие дополнително добија 450 евра парична казна.

Холанѓаните победија на последните две средби од квалификацискиот циклус за Мундијалот во Катар.