ВИДЕО: Жесток судир меѓу Роналдо и Квадрадо по елиминацијата од Порто

Роналдо

Јувентус го сподели првото видео од документарниот филм со наслов „Juventus All or Nothing“. На истото се гледа како Кристијано Роналдо има жестока расправија со Хуан Квадрадо.

Моментот доаѓа по болната елиминација на италијанскиот гигант од Порто во Лигата на шампионите. Португалецот викаше гласно дека нивната игра е „ѓубре“, а колумбискиот интернационалец застана пред него и побара тој да биде „пример за останатите“.

Целата ситуација ја смири Андреа Пирло, тогашниот тренер на „бјанконерите“.