• Мартин Танасковски

Прволигашката пауза е во тек поради репрезентативните обврски, а интересен е податокот дека во најквалитетната лига во Македонија клупата е навистина жешка затоа што тренерите се менуваа како на филмска лента.
Само еден клуб од вкупно единаесет учесници реши да не менува тренер. Тоа е Силекс, кој од почетокот на сезоната, па до сега, му верува на Горазд Михајлов. Останатите екипи менуваа и ситуацијата беше целосна вртелешка.
Последен кој менуваше беше Шкупи кој го разреши Гоце Седлоски, а Чихад Арслан е назначен за нов предводник. Претходно, лидерот Струга го донесе Шпетим Дуро на местото на Срѓан Захариевски, Шкендија го промени Артим Шаќири со Ќатип Османи, Брегалница го донесе Горан Здравков на местото на Илчо Ѓорѓиоски...
Македонија ЃП го донесе Горан Симов на местото на Муарем Бајрами, во Тиквеш дојде Ѓорѓи Мојсов на местото на Влатко Костов, кај Работнички, Милан Илиевски го замени Љупчо Марковски, во Академија Пандев пристигна Александар Васоски, кај Скопје тоа е Мирсад Јонуз на местото на Славчо Георгиевски, додека во Победа, Благојче Дамевски го замени Бобан Бабунски.
Навистина е жешко тренерското столче во македонската елита...