ВИДЕО: Жеравица човек на одлука, Силекс до голем триумф над Шкупи

Екипата на Силекс освои значајни три бода во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и на домашен терен славеше над екипата на Шкупи (1-0).

Кратовчани го решија натпреварот со еден ран погодок и добра поставеност во одбраната кога беше најпотребно. Силекс сега е во горниот дел на табелата, додека Шкупи трето коло по ред нема победа. Првенството поради овој триумф на кратовчани станува супер-интересно затоа што сите екипи се бодовно изедначени.

Натпреварот не можеше подобро да започне за домаќините, откако Жеравица во третата минута со префинет удар со левата нога го матира гостинскиот голман Алексовски и донесе предноста за кратовчани (1-0).

Раното водство им донесе спокој на домашните фудбалери и во следните десетина минути креираа неколку шанси за гол, а често се обидуваа и со удари од далечина. Во 28. минута прекрасна инвидуална акција изведе Ивановски, но Алексовски беше добро поставен.

Симов изврши двојна замена на почетокот на вториот дел и Јусуф и Ѓуриќ ги заменија Ристов и Грозданоски. Иницијатива на Шкупи беше само јалова и не беше изразена со зрели шанси за гол и израмнување. Ниту серијата на корнери и мешаница пред Божиновски не вроди со плод.  

Ндонг и Билали во централната фаза на вториот дел се заканија, но Даниел Божиновски беше внимателен. Ќатип Османи дополнително го засили нападот, откако во 63. минута го внесе Оумар на местото на Сухајљ Мухарем. И покрај конфузната игра, Силекс го сочува резултатот и славеше голема минимална победа. 

Силекс во наредното коло гостува кај Борец, додека Шкупи гостува кај Вардар.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11